Мајката на заразеното бебе нема коронавирус, се чекаат резултатите на таткото од Кочани

Министерството за здравство ја известува јавноста дека мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот.

Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 06.04.2020 година, а резулатите биле готови на 07.04.2020 година.

За овој случај, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.

Се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 08.04.2020 година.

Сподели: