Мајска крводарителска акција – собрани 50 крвни единици

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна мајска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 50 крводарители од нив 3 првократни и 30 лица до 30 годишна возраст.

Акцијата е шеста што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Сподели: