На 18.05.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.Н.(45) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.65 мм и 50 куршуми калибар 7.65 мм за кои не поседувал дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.05.2023 часот пред угостителски објект на брана „Градче“, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле слобода Д.П.(19) од Кочани и А.Ц.(19) од Злетово затоа што при преглед кај нив, кај Д.П. била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.05.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани, А.А.(65) од Кочани пријавил дека на 18.05.2023 во 22.50 часот на ул.„Скопска“ во Кочани бил физички нападнат од Н.Ј. од с.Чешиново, општина Чешиново – Облешево. По комплетирање на случајот против Н.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дневен билтен на СВР – Штип