На 12.12.2020 во 13.50 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот во кругот на рудник кај с.Пантелеј, при извршување работни задачи J.С. од Кочани се здобил со повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и државен инспектор за труд.
На 12.11.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(62) од Скопје, пријавила дека на 11.11.2020 на место викано ,,Долна лака“ атар на с.Теранци настанал пожар во нива сопственост на И.М. кој се проширил и го зафатил нејзиниот овоштарник со ореви, при што биле опожарени 15 дрвца.
Увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани,, инспектори по земјоделие и пожари.
Извор: Дневен билтен на СВР Штип