МВР: Зголемениот број полициски службеници во Кочани е поради извршување службени активности и обезбедување документација од општината

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест.

Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера.

Сподели: