МВР: Пријави за попречување во движење и неовластено снимање во Кочани

На 30.10.2021 во 18.10 часот во Полициската станица Кочани, М.Л. од Кочани пријавил дека, додека се движел со својот автомобил ,,шкода“, од автомобил ,,мини морис“ му бил попречен патот на ул.,,Стамен Манов“ и околу неговото возило се собрале повеќе лица и удирале по возилото.

Во врска со настанот, во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, Ш.М.(43) од Кочани пријавил дека околу 17.30 часот М.Л. од Кочани и други две лица, кои биле со него, вршеле неовластено снимање на пријавителот и на повеќе други лица со кои пријавителот бил во објект на на ул.„Стамен Манов“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дневен билтен МВР

Сподели: