МВР: Регистрирани настани поврзани со локалните избори во Кочани

Регистрирани настани поврзани со локалните избори во Кочани:

Во Кочани двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче. За настанот изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

МВР

Сподели: