МВР со соопштение за засилената сообраќајна контрола во Кочани

Министерството за внатрешни работи вчера (23.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани и Виница. Притоа, изречени се вкупно 156 санкции, меѓу кои 32 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 23 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial