Почитувани,
Во врска со поднесените кривични пријави од ОВР Кочани до ОЈО за ГОКК, Ве информираме дека на 02.11.2022 при контрола од страна на старешинскиот кадар на ОВР Кочани е утврдено дека полициските службеници кои се товарат за стореното кривично дело не постапиле согласно законските прописи и по извршени консултации со надлежен Јавен обвинител, констатирано е дека постојат елементи на кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
По вака поднесената кривична пријава од ОВР Кочани до ОЈО за ГОКК и по добиеното Известување од страна на ОВР Кочани до СВР Штип, дека е поднесена кривична пријава против полициски службеници од страна на СВР Штип согласно чл.214 ст.1 алинеја 4 од Колективниот договор, до Бирото за јавна безбедност – МВР доставена е предлог иницијатива за отстранување на полициските службеници од работните места, кое е задолжително согласно цитираниот член од Колективниот договор, па врз основа на предлогот изготвено е Решение од страна на МВР за отстранување од работните места.