Медал за ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари на меѓународниот фестивал „Сурва“ во Бугарија

Благодарница и медал доби Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари за учеството на најголемиот европски и светски 30-ти по ред Меѓународен карневал „Сурва”, Перник, Бугарија, кој се одржа од 26-ти до 28-ми Јануари 2024 година.

Меѓународниот фестивал „ Сурва“ се одржува секоја година во последниот петок, сабота и недела од јануари, а главен белег е дводневната поворка во сабота и недела на маскенбал групи од Бугарија и странство.

Децата од фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ со своите перфектни настапи успешно го претставија богатото нематеријално наследство од нашиот регион, а активностите на ансамблот продолжуваат со турнеа и во Србија следниот месец.

ФА “Љупчо Сантов“ – Оризари

Сподели: