Денес Комисијата за здравство при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани имаше акција по повод, Светска недела на здравјето во с. Прибачево, во која се мереше крвен притисок, гликемија и се даваа бесплатни медицински совети.
45 медицински прегледи и задоволни граѓани беше резултатот од денешната акција.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните за водење здрав стил на живот и грижа за своето здравје.
Комисија за здравство при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани