Во чест на прерано починатата легенда на кочанската кошарка Сашо Лазарев – Чапо синоќа во Кочани се одигра Меморијален натпревар по повод четириесет дена од упокојувањето на Лазарев.

На натпревар полн со емоции, во Спортската сала која од неодамна го носи неговото име, поранешни и сегашни кошаркари од КК „Баскет Дино“ – Кочани го одиграа натпреварот во чест на нивниот тренер кој низ годините беше предводник и учител на многу генерации млади кошаркари во Кочани. Кошаркарите со маици со ликот на Чапо, на спортскиот терен пред присутните ги покажаа „мајсториите“ кои низ годините ги учеа од нивниот тренер.

Повеќе од четиристотини гледачи уште еднаш му оддадоа почит на Лазарев и испратија пораки на незаборав на кочанскиот кошаркар и тренер.
Според организаторите на настанот, Меморијалниот натпревар се планира да прерасне во традиционален спортски настан во Кочани.
И. Матеничарски
Фото: VKR Photography




