В сабота, 8 февруари во спортската сала во ООУ “Никола Карев” – Кочани со почеток од 17 ч. ќе се одигра Меморијален натпревар во ракомет во чест на прерано починатиот млад ракометар, Андреј Митев од с. Облешево.
На натпреварот во чест на Митев ќе настапат неговите клубски колеги од РК “Младинец” – Кочани и “Текстилец” од Штип.

Влезот на натпреварот е слободен. Ќе биде поставена донаторска кутија, а собраните средства ќе бидат наменети за лица од социјален ризик.
Митев беше меѓу првите членови на кочанскиот ракометарски клуб “Младинец” од Кочани. Животот го загуби трагично, во сообраќајна незгода на 20 годишна возраст во 2023 година.
И. Матеничарски