Метларката на КЈП “Водовод” со дупната гума три дена стои оставена во Стришани

Три дена непрописно паркирана на коловозот и во спротивен правец на движење стои оставена метларката на КЈП “Водовод” на улицата “Страшо Ербапче” во Кочани.

Со дупната гума, без никој од КЈП “Водовод” да се потруди да ја тргне од улица или пак сообраќајната полиција да реагира до јавното претпријатие да си ја отстрани од коловозот.

Кочанската метларка е купена од кочанското комунално претпријатие во 2019 година по цена на чинење од 86 илјади евра.

И. Матеничарски

Сподели: