Методија Велковски ново засилување на голот на ГФК Осогово

Пред почетокот на новата сезона во ВМФЛ Исток, ГФК Осогово се засили со уште еден играч.

Станува збор за младиот и перспективен голман, 20-годишниот Методија Велковски кој доаѓа од екипата на Кадино.

Велковски е поранешен У-15, У 17 и У-19 репрезентативец на Македонија и е продукт на школата на Вардар каде што беше и дел од првиот тим.

Со пристигнувањето на Велковски се зголемува конкуренцијата за „1“ во редовите на Осогово, позиција за која конкурира и Андреј Ивановски.

За потсетување, Велковски е шесто ново име за „жолто-сините“, а претходно потпишаа Слаѓан Митевски, Глигор Дончев, Димитар Иванов, Илија Далчески и Стојанчо Велинов.

Сподели: