Пакети со млечни производи, безалкохолни пијалоци и овошје за пациентите и персоналот во ковид-центарот во болницата во Кочани е донацијата на сограѓанинот Методи Митев, кој од сопствени средства и со поддршка на компанијата „Бобо ЈЛА“ и волонтери од невладината организација „United Youth“ од Кочани ја реализираа денешната хуманитарна активност.
Митев кој боледува од херидитарна параплегија и со помош на хуманитарни донации од граѓаните се уште се лекува, додаде дека сочуствува со пациентите и персоналот и поради тоа се одлучил да донира.
– Знам како е да бараш помош и поддршка, а денес почуствував како е и да се помага. Бев и се уште сум со апел за помош, но сепак се грижам и за туѓата среќа и здравје донирајки од мој личен приход. На мојот повик се приклучи и компанијата „Бобо ЈТД“ која донираше млечни производи. Благодарен сум и на волонтерите од невладината организација „United Youth“ за помошта при дистрибуцијата. На болните им посакувам побрзо заздравување, истакна Митев.
Во Ковид центарот во болницата во Кочани периодов донираа голем број на хумани граѓани и компании. Митев преку нашиот медиум упати апел до сограѓаните секој во рамки на своите можности да се приклучи кон донациите.