Механизација на „Бехтел и Енка“ ќе ја нормализира состојбата на Градската депонија во Кочани

Неповолната состојба на Градската депонија во Кочани, којашто подолг период предизвикува загадување на воздухот, како и актуелните активности на теренот беа причина Општина Кочани да упати повик до институции од државата и општествено одговорни фирми за помош и поддршка во решавањето на горливиот проблем.

По многу одржани состаноци со претставници на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Центарот за социјални работи – Кочани и со повеќе компании, на упатениот повик позитивно одговори компанијата „Бехтел и Енка“.

Механизацијата на оваа компанија е пристигната на Градската депонија во Кочани, активностите почнуваат од утре. Ќе се работи на порамнување, довршување на пристапниот пат за расчистување на целата депонија и обезбедување простор за новите количини отпад. Се очекува механизацијата да остане на терен додека целосно не се врати во нормала функционирањето на Градската депонија во Кочани.

Неконтролираното горење на ѓубриштето, за жителите на Кочани и на околината претставуваше закана од еколошка катастрофа.

Сподели: