Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ успешно ја реализира дводневната меѓународна планинарска акција во Србија.
Акцијата беше изведена на 30 Јануари (Сабота) на планината „Грот“ кај Врање и на 31 Јануари (Недела) на планината „Бесна Кобила“ на која беа искачени врвовите: „Мусуљ“ (1777 мнв) и „Бесна Кобила“ (1923 мнв) во доста неповолни временски услови на патеки проследени со ветер и покриени со 50 см. снежна покривка.
Во реализација на акцијата учествуваа 12 планинари од ПСК „Осогово“ а ни се придружија и неколку планинари од планинарскиот клуб „Железничар 2006‘“ од Врање.
Акцијата која е прва реализирана надвор од границите на Македонија е инаку деветта реализирана во месец јануари оваа година.
Голема благодарност до планинарите од локалниот планинарски клуб „Железничар“ за нивната поддршка и дводневното дружење со кое планираме да реализираме повеќе заеднички акции во и надвор од Македонија.
ПСК „Осогово“ – Кочани