Миле Лефков кандидат за пратеник на ВМРО -ДПМНЕ во ИЕ 3

Актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани Миле Лефков се најде на кандидатската листа на пратеници од Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.  Тој се наоѓа на седмата позиција во Изборната единица 3, чиј носител е Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Миле Лефков е дипломиран правник и професор во СОУ„Љупчо Сантов,а од 2018 година е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани. Своевремено ја извршуваше и фунцкијата на в.д директор на кочанската гимназија, а ова е негова прва кандидатура за пратеник во македонското Собрание.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial