Милошоски од Кочани: Првиот изборен круг покажа дека народот сака  промени, во Кочани во вториот изборен круг ќе има промени

Денес во Кочани членот на Извршниот Комитет на ВМРО  ДПМНЕ Антониjо Милошоски во друштво на кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Папазов и членови на партијата одржа прес конференција во пресрет на вториот изборен круг на Локалните избори 2021.

-Дeнес сме во Кочани со идниот градоначалник Љупчо Папазов. Сметам дека поддршката од граѓаните е очигледна, приемот е многу добар. Првиот изборен круг покажа дека народот сака  промени и сметам дека како што се случи во Скопје, во Штип, во Велес, така и во Кочани во вториот изборен круг ќе имаме промени, затоа што изборот е дали луѓето ќе гласаат за еден перспективен градоначалник како Љупчо Папазов или за еден пропаднат политичар како Зоран Заев. Сметаме дека Папазов ги знае и проблемите и решенијата на градот за подобар услов за живот во Кочани, додека Заев се интересира само за тендери, за марихуана и стана најбогатиот премиер на најсиромашната за жал земја во Европа. Затоа на 31 октомври кочанчани нека бидат заедно со победниците, да прославиме заеднички и од 1. ноември да се фатиме за работа затоа што не очекуваат многу важни проекти кои што треба да ги спроведеме на локално ниво, а после паѓањето на Владата на централно ниво“, изјави од Кочани, Милошоски.

Видео изјава со клик ОВДЕ.

Сподели: