Министерката за култура на Р. Македонија, Ирена Стефоска, заедно со в.д директорката на Центарот за култура „Бели Мугри“, Ана Поп Михаилова денеска извршија увид во реконструкцијата на внатрешноста на националната установа во Кочани.
Станува збор за втора фаза од реконструкцијата на објектот преку која целосно се реновира гледалиштето, гримиорните, тоалетите и влезното фоаје на установата, откако претходно целосно беше реконструирана фасадата на Центарот за култура.
– Се реновираат гледалиштето, сцената, гримиорните, тоалетите и влезното фоаје. Со директорката Ана Поп Михаилова разговаравме за деталите во спецификацијата на буџетот за инвестиции во 2022 година. Предвидено е следната година да се обезбедат услови за изведба и поставување на завршни подни , ѕидни и плафонски облоги , поставување на мебел и опрема како и опремување на сцената со сценски и аудио-видео системи. Со комплетното завршување на втората фаза од реконструкцијата објектот, ќе добие комплетно реконструирано гледалиште и сцена, со опремени гремиорни и нови тоалети со што ќе се обезбедат соодветни услови за посетителите и изведувачите, напиша на фејсбук министерката за култура Ирена Стефоска.