Министерката за образование и наука Мила Царовска во работна посета на дел од училиштата во Кочани

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на Кочани, каде се сретна градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијеви и со дел од директорите на основните и средни училишта во општината.

Во  СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев и директорот на кочанската гимназија Игор Христов беше запознаена со работата на училиштето, изведувањето на онлајн наставата, како и тековните и идни инфраструктурни зафати во училиштето.

-Мојата цел е да ги посетам дел од средните и основни училишта како и музичкото училиште, но исто така да направам средба и со дел од директорите и градоначалникот се со цел да видиме со кои предизвици се среќаваат во овој период кога од една страна треба да го штитиме здравјето на граѓаните, а од друга да имаме контитунитет во наставата. Она што ме радува при посетата на првото училиште е дека наставниците се навистина мотивирани, а градоначалникот во континуитет инвестирал во подобрување на условите на училиштата, мотивација на наставниците и подобри  услови за држење на наставата, истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска.

-Денеска имам чест да бидам домаќин на министерката за образование и наука. Оваа посета е многу важна бидејки годинава образовниот процес се извршува  во услови на КОВДИ-19 нешто што е сосема ново за сите и еден голем предизвик за сите нас да се организираме и да го спроведуваме образовниот процес во овие услови. Посетата на министерката  ја искористивме да ја запознаеме со функционирањето на училиштето,  за состојбата со заразените и со сето она што се случува во образовниот процес. Посебна тема секако беше одвивањето на онлајн наставата каде бевме информираме од страна на директорите дека онлајн присуството задоволува од страна на учениците и дека во некои училишта е подобро од физичкото присуство, рече градоналачникот Илијев.

-Министерката беше запознаена со минатите проекти, начинот како се потрошени блок дотациите на училиштето инвестирани во инфраструктурата. Целокупната настава се одвива без физичко присуство на учениците, немаме изразити технички проблеми со интернет врската  или во недостаток на ИКТ техологија. Воедно, министерката беше запознаена и со дополнителните проектни  активности кои сакаме да ги реализираме. Во моментот се работи на ревитализација на спортските терени во училиштето кои ќе бидат од корист и за учениците и за рекреативно спротување.

При посетата министерката Мила Царовска информираше дека можно е донесување на одлука наставниците да може да предаваат од дома се со цел да се заштеди на трошоците за греење, а парите да бидат пренаменети за набавка на ИТ уреди. Согласно одлуката на Министерството и оваа година нема да се спроведуваат училишните екскурзии, а ќе бидат дозволени прошетки на учениците со најголема далечина од 5 километри.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial