Министерот Бочварски на увид во изградбата на новата социјална зграда во Драчевик

До крајот на годината целосно ќе биде докомплетирана изградбата на новата социјална зграда во Кочани, а на почетокот на наредната 2023 година ќе се вселат и првите станари, – ова го најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешниот увид во изградбата на социјалната станбена зграда во населбата Драчевик.

Констуркцијата на зградата е во напредна фаза и во моментот изведувачот ја поставува петтата плоча на објектот во кој се предвидени 34 станбени единици, беше констатирано при увидот на зградата на која освен министерот Бочварски, присуствуваше и пратеничката во Собранието на Р. Македонија, Марија Ангелова и претставници на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

– При последниот увид на станбената зграда овде беше реализирано поставуавње на темелната плоча и неколку столбови за подрумските простории. Денес гледаме дека зградата е во напредна фаза, конструкцијата е при крај и очекувам дека до крајот на тековната година зградата комплетно ќе биде завршена, а на почетокот на 2023 година ќе влеземе во фаза на распределба на социјалните станови. Ќе се распределат 34 социјални станови за граѓани на Кочани коишто имаат потреба и ги исполнуваат критериумите се со цел обезбдување на пристојни услови за живеење, истакна при увидот во изградбата, министерот Бочварски.

Ламелата 3 од комплексот станбени згради во Драчевик ќе има 34 станови за домување, додека вкупно со претходно изградените две ламели комплексот социјални згради ќе има 92 станови. Вредноста на инвестицијата за изградба на новата социјална зграда е околу 1 милион евра.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: