Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, извршија увид во изградба на социјалната зграда како и реконструкција на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани.
-Започнавме со изградба на нова социјална зграда со 34 станбени единици во Кочани намената за ранливите групи на граѓани. Исто така со средства преку Министерството за транспорт и врски реконструираме неколку улици во општината со што значително ја подобруваме безбедноста и урбаното живеење во градот, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Кочани.
Реконструкцијата на улицата „Тодосија Паунов“ е во рамките на проектот за поврзување со локални патишта, инвестиција од 6,6 милиони денари. Според динамиката на работа улицата целосно ќе се заврши овој месец.
„Преку Министерството за транспорт и врски на општина Кочани преку блок дотации и беа распределени 6 милиони денари за изградба на кружни текови токму на оваа улица. Практично со овие инвестици општината заокружува една целина во изградба на модерно булеварското решение со што ќе се овозможи побезбеден сообраќај во градот. Исто така би сакал да потенцирам дека во вториот теднер преку овој проект во општина Кочани ќе се реконструираат уште две улици и тоа улица „Гошо Викентиев“ и улица „Раде Кратовче“.Денеска ја искористив посетата да извршивме увид и во изградба на новата социјална зграда која неодамна започна да се гради во Кочани. Се работи за зграда со 34 станови наменети за социјaлно ранливи категории на граѓани, инвестција од околу 1 милион евра” додаде министерот Бочварски.
Сакаме да изградиме пристојни улици за граѓаните бидејќи овие се едни од најстарите во општината, истакна градоначалникот Илијев.
-Две третини на реконструкција на „Тодосија Паунов“ е завршена. Во продолжение работиме на кружните текови и на реконструкција на тротоарите. Во наредниот период отпочнуваме со реконстриуција на двете улици за кои аплициравме преку министерството, за што веќе ја средивме комуналната инфраструктура. Сакаме да направиме пристојни улици за граѓаните и заедно со централната власт да овозможиме пристоен дом за сите ранливи семејства, рече Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски рече дека покрај оваа зграда во Кочани започната е и изградба и на други социјални згради во државата.
-Рокот за изградба на оваа зграда е 18 месеци. Зградите во Виница и Свети Николе се во завршна фаза, веќе започнавме со изградба на зградата во Пехчево. До крај на овој месец очекувам да започнеме со изградба и на зградата во Сарај. За објектите во Прилеп и во Штип следниот месец очекувам да се распише јавен повик за изградба и некаде во октомври целиот овој проект до го затвориме со Банката, изјави Кристијан Трајковски, Директорот на АД за стопасниување со станбен и деловен простор.
И. Матеничарски
Видео изјава може да погледнете со клик ОВДЕ.