Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во посета на Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска беа во посета на Кочани, при што го посетија одрмаралиштето на МВР на Пониква, Територијалната протпивпожарна единица – Кочани и ДПД – Кочани.

– Денеска го посетив зимското одморалиште на МВР на Пониква каде традиционално во овој период престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители. На заедничкиот ручек ја имав честа да се дружиме и низ пријателска атмосфера да поразговараме со децата и семејствата на бранителите.

Жртвата која тие ја дале е најголемата, ултимативната, изгубиле свој близок во одбрана на татковината. Тоа ни создава залог и аманет секогаш да сме тука за нив, да ги почитуваме и да ги оствариме нивните барања во рамки на надлежностите кои ги имаме. Се потсетивме на хероите, чие дело не поврзува и обврзува, истакна при посетата Тошковски.

Во рамки на посетата на кочанскиот крај, министерот Тошковски и директорот на БЈБ, Јанев  ја посетија и кочанската пожарна каде покрај професионалните пожарникари е сместено и Доброволното противпожарно друштво Кочани.

– Во рамки на денешниот престој во кочанскиот крај ги посетив припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани. Овие храбри луѓе, со огромна посветеност ги покриваат не само Кочани, туку и општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Со 324 пожари само во 2024 година, нивната одговорност е огромна, а меѓусебната соработка меѓу ДПД и ТППЕ е на завидно ниво. Имав можност да ги видам нивните ресурси, да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат и да разговараме за тоа како да изградиме поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди.

Министерот притоа исткна дека дека се потребни сериозни системски реформи за се обезбеди брза, ефикасна и координирана реакција во секоја кризна ситуација.

– Како министер ќе направам сè што е во моја моќ за да ги поддржиме овие храбри луѓе и заеднички да вложуваме во иднината на доброволните противпожарни друштва, заврши Тошковски.

Сподели: