Министерот за внатрешни работи Чулев ги посети семејствата на загинатите бранители во одмаралиштето на Пониква

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес ги посети семејствата на загинатите бранители, кои деновиве престојуваат во сместувачките капацитети на одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи на Пониква.

„За мене беше голема чест и вистинско задоволство да поразговарам со семејствата и дечињата на оние кои својот живот го дале за Република Македонија. Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Сето ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законската можност да одговориме позитивно на нивните потреби“. – рече Наќе Чулев, технички министер за внатрешни работи.

Во рамки на посетата министерот се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи „Тигар“, кои на Пониква ја изведуваат зимската обука за подготвеност.

И.Матеничарски

Сподели: