Министерот за локална самоуправа  Горан Милевски во посета на Општина Чешиново – Облешево

Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски денес беше  во работна посета во општина Чешиново-Облешево. Министерот оствари средба со градоначалникот Г-н Далибор Ангелов како и со дел од членовите на Советот на општината.

На состанокот се разговараше за тековните проекти кои се финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, како и за развојните планови во оваа година.

Општина Чешиново-Облешево

Сподели: