Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изврши увид во изградбата на кружните текови на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, извршија увид во изградбата на кружните текови на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани.

На увидот минитерот Бочварски беше детално запознаен со проектот и динамиката на одвивање на градежните работи.

-Со проектот е предвидена регулација на целиот булевар, со пет кружни текови каде што Владата даде поддршка на Општина Кочани од 6 милиони денари, а остатокот од средствата ги обезбеди Општината. Ова е пример како партнерски се работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Кружните текови освен што ќе го регулираат сообраќајот ќе ја зголемат и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, истакна министерот Бочварски.

-Предвидена е изградба на пет кружни текови кои целосно ќе го регурлираат текот на сообраќајот на овој булевар. Со проектот ја подобруваме безбедноста на сообаќајот на булеварот „Тодосија Паунов“, а придонесуваме и за подобар проток на сообраќајот. Со изградбата на кружните текови решаваме еден голем проблем на сите граѓани на општина Кочани – изјави градоначалникот Илијев.

Министерството за транспорт и врски со средства од Светска банка ќе ја финансира и реконструкцијата на десната сообраќајна лента и тротоарот на булеварот „Тодосија Паунов“, од новата бензиска пумпа на „Лукоил“ до Полициската станица, градежна активност која е планирана да започне следната недела, како и реконстуркција на улиците „Гошо Викентиев“ и „Раде Кратовче“.

При посетата на Кочани, министерот Бочварски додаде дека наскоро ќе почне реализацијата на проектот за изградба на објекти за сместување на околу 200 лица од ромската популација кои живеат во руинираната стара касарна во Кочани, како и на проектот за изградба на трета зграда со 35 станови за семејства од социјално ранливите категории.

Видео изјава може да погледнете со клик ОВДЕ.

И. Матеничарски

Сподели: