Верници од Кочани протестираа и поднесоа кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет

Стотина верници од  муслиманска вероисповед, по петочната молитва во џамијата „Дуду Ханум“, на мирен  ненајавен протест,  искажаа револт и поднесоа кривична пријава  против жител на Скопје, кој на социјалните мрежи го навредувал Алаховиот пратеник  Мухамед.

Протестот започна од џамијата во Кочани се до Полициската станица, каде верниците го пријавија случајот при што приложија доказен материјал како и потписи.

Во пријавата стои дека лицето И.Ѓ  на својот фејсбук профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал што е казниво по член 394 од Кривичниот законик.

Истото лице со недоличен коментар го навредувал Алаховиот пратеник Мухамед, па поради ова верниците од Кочани  поднесоа кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, бидејки како што велат, секоја навреда кон Мухамед  е навреда кон сите Муслимани во светот.

Тие апелираа  до надлежните служби да постапат по пријавата, а бидејки лицето е од Скопје, ги повикаа по службенa должност да ги информираат надлежнитe институции.

И.Матеничарски

Фото: Фејсбук

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial