Мирче Стојков избран за нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани доби нов претседател.

На состанокот на  Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е одлучено Мирче Стојков да биде избран за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.

По повод изборот, Стојков преку фејсбук статус се заблагодари за укажаната доверба и можноста да го води ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

,,ВМРО ќе му даде на секој да разбере дека се работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот Полуостров. Таа организација…. не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност” весник Право 1902 г.

Голема благодарност до претседателот проф. д-р Христијан Мицкоски, до членовите на ИК на ВМРО -ДПМНЕ, до сите сопартијци кои ми ја укажаа довербата да го водам ОК на ВМРО -ДПМНЕ во Кочани.Исто така апелирам до сите членови, симпатизери, до целокупниот македонски народ да се обединиме бидејќи само така ќе можеме да ја отстраниме оваа квислиншка, инсталирана ненародна власт.Да живее Република Македонија! Да живее ВМРО -ДПМНЕ!“, напиша на фејсбук, новоизбраниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани, Мирче Стојков.

Сподели: