Младата шахистка Јована Давиткова освои второ место на Државниот натпревар во шах во Скопје

На одржаниот Државен натпревар во шах на 17.12.2021 година во Скопје, во голема конкуренција на ученички од Основни училишта од државата, ученичката Јована Давиткова го освои второто место. Таа е ученичка во осмо одделение во ООУ „Кирил и Методиј“ – Кочани и иако е осмо одделение, зад себе има многубројни шаховски награди и успеси. Пред две години беше првак на Државниот напревар во шах за девојчиња.

Во името на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов на ученичката Јована Давиткова и упатуваме честитки за достигнувањето и желби за уште многу успеси.

Општина Кочани

Сподели: