Младинските категории на „Осогово“ ги започнаа подготовките во пресрет на пролетната сезона

Младинските категориии од фудбалската академија „Осогово“ денеска ги започнаа подготовките во пресрет на пролетниот дел од натпреварувањето.

На терените на стадионот „Никола Манотов“ во Кочани на првата прозивка се јавија над 100 дечиња, распоредени во различни возрасни категории. На првиот ден од подготовките, фудбалерите на младинските категории на „Осогово“ одиграа две подготвителни средби со тимот на „Работинички“.

– Денеска официјално ги почнуваме подготовките на сите возрасни категории на фудбалската академија „Осогово“.  Во школата имаме близу 100 дечиња од сите возрасни категории, дечиња родени од 2004 до 2015 год.  Првите четири категории 2004, 2005,2006 и 2007 год. се натпреваруваме во Супер Втора лига, додека со две детски категории 2010 и 2013 год. се натпреваурваме во Детска лига –  Источен регион. Денеска го закажавме првиот подготвителен натпревар со „Работинички“ од 4 возрасни категории што се натпреваруваат во втора лига ќе играме два натпревари 2004 / 2005 и  2006 и 2007 генераија како  посебни екипи – истакна Тоде Митев, тренер на младинските категории на „Осогово“.

Почетокот на пролетниот дел од првенството се очекува во првата седмица од месец март.

Сподели: