Денес на Градскиот стадион „Никола Мантов“ се одигра 14-то издание на традиционалниот „Драганица Куп 2020“. Најуспешна беше екипата на „Вардар“ која во големото финале славеше минимално над „Работнички“ со 1-0.
Новите освојувачи на „Драганица Куп 2020“ до финалето стигнаа откако во првиот полуфинален меч славеа над домаќините, „Осогово“ со резултат од 2-0.
Работнички пак во полуфиналето беше уште поубедлив откако славеше над „Беласица“ со 3-0. Во мечот за трето место пак струмичани беа подобри од „Осоговци“ со 3-0.
Конечен пласман „Драганица Куп 2020“:
- Вардар
- Работнички
- Беласица
- Осогово
Најдобар играч: Исмет Хајдари (Вардар)
Најдобар стрелец: Левент Ибраими (Вардар)
Најдобар голман: Алмир Колиќ (Работнички)