Младите со предизвици на социјалните мрежи испраќаат пораки за #седидома

Деновиве на  социјалните мрежи сме сведоци на разноразни предизвици што ги смислуват младите за да испратат порака до луѓето, за подигање на свеста во врска со болеста КОВИД-19. Тие се предизвикуваат онлајн и од своите домови ја реализираат активноста.

Во овој период кога се на принуден распуст,  нивните креативни идеи ги реализират  виртуелно и така го пополнуваат своето слободно време.

Фотографијата која ни пристигна од млади активисти  од Кочани е само пример за тоа како тие преку овој предизвик испратија порака до сите да останат дома, со цел прво да се заштитат себе си , а потоа  и останатите.

И.Матеничарски

Сподели: