Млад кочанчанец влегол на бензинска пумпа со пиштол, оставил куршуми и нож

Доцна синоќа во 3.10 часот, полициски службеници го привеле Д.Н.(19) од Кочани.

Од МВР информираат дека тој два часа претходно, со пиштол во раката влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.

Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР

Сподели: