Модната групација ИНТ донираше 12 илјади заштитни маски за основците и средношколците од Кочани

На почетокот на учебната година, Модната групација „ИНТ“од Кочани донираше 12 илјади заштитни маски за учениците од основните и средните училишта во Кочани.

Од менаџментот на „ИНТ“ соопштија дека како општествено одговорна компанија на секој ученик подаруваат по три маски со порака сите да бидат одговорни и максимално да се придржуваат кон мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial