Можен прекин на водоснабдувањето, од Фабриката за вода се полнат противпожарните возила кои интеревенираат во гаснењето на пожарот

Општина Кочани упатува апел до граѓаните да се воздржат од зголемена и непотребна потрошувачка на водата за пиење.
Дел од препумните станици и Фабриката за вода се наоѓаат во зоната на пожарот, па како превентивна мерка е исклучена електричната енергија и пумпите подолг период не работат, поради што може да дојде до прекин во водоснабдувањето.

Рационалното користење на водата од Градскиот водовод е неопходно и заради полнењето на противпожарните возила кои интеревенираат во гаснењето на огнот.

Општина Кочани

Сподели: