В среда, на 12 февруари 2020 година, во ресторанот „Амор“, Општина Кочани организира работна средба со кочанските стопанственици и Агенцијата за вработување натема Можности за усогласување на потребите за преквалификација и доквалификација на активните баратели на работа со стопанството.
На средбата, на која ќе присуствува директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, ќе се дебатира за неопходниот стручен кадар и можните решенија за негово обезбедување, со цел да се подобри понудата и конкурентноста на пазарот на труд во нашата општина.
Општина Кочани иницираше претставниците на локалниот бизнис-сектор да изработат внатрешна анализа за потребата од стручни профили за функционирање и унапредување на производството. Со учество на средбата, тие ќе дадат придонес во подобрување на условите за локален економски развој.
Според податоците од Агенцијата за вработување, во Кочани има 2439 активни баратели на работа, 198 со високо, 527 се со средно, а со основно образование и без образование се 227. Преку обуките и доквалификациите коишто г иправи Агенцијата за вработување заедно со Организацијата на работодавачи и Стопанската комора може да се обезбеди преквалификација и доквалификација за да можат активните баратели на работа да се прилагодат на потребите на пазарот на труд, односно на работодавачите.