Можност за пласман на кочанскиот ориз во Нови Сад, Р. Србија

Заинтересирани компании за кочанскиот ориз од Војводина, Р. Србија деновиве остварија средба во општина Кочани со локалните производители и преработувачи на ориз и со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

На работниот состанок преку прикажана презентација присутните најпрвин се запознаа со ЈКП „Тржница“ од Нови Сад, а се дискутираше и за производството, квалитетот и пласирањето на странски пазари на кочанското бело злато.

Целта на средбата е во рамки на активностите за пласман на кочанскиот ориз на тамошните пазари и негова промоција надвор од границите на државата.

Сподели: