„Молкот не е решение” – Онлајн трибина на Форумот на жени на ОО СДСМ – Кочани против насилството врз жените и девојчињата

Вчера (9.12.2020) со почеток од 20 часот, Форум на жени на ОО СДСМ Кочани одржа онлајн трибина.
Ја одбележуваме кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата. Здравствената состојба не ни дозволува да одржиме трибини со физичко присуство, но дигиталните платформи ни овозможуваат да говориме гласно против родово-базираното насилство
Говориме за насилството врз жените и девојчињата во услови на пандемијата со ковид-19.
Наша заложба е општество еднакво и праведно за сите и елиминирање на родово-базираното насилство.
Имено, статистиката бележи пораст на случаи на насилство.
Сепак, целта на заедничкиот пристап на релевантните институции е намалување на насилството врз жените и девојчињата до негово искоренување.
Родовата еднаквост е вредност во која ние како социјалдемократи веруваме, затоа што општество каде што сите се еднакви е општество во кое има просперитет. Такво општество ние создаваме.
Наша заложба е општество еднакво и праведно за сите. Наша цел е сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата.
Насилството врз жените и родово базирано насилство не познава ниту имотен, ниту општествен ни образовен статус, ниту вера, туку претставува негативна појава присутна секаде во светот;

Ги охрабруваме сите жени и девојки, немој да молчите – МОЛКОТ НЕ Е РЕШЕНИЕ. Сите ние заедно мораме да се избориме да го искорениме родово-базираното насилство.

НемаОправдување #ЗедноПротивНасилствоВрзЖенитеИДевојчињата

Претседателка на Форумот на жени на ОО СДСМ Кочани
Ивана Максимова

Сподели: