Монодрамата „Избувливиот човек“ ја доби Наградата од публиката на 22. Интернационален фестивал на монодрама – Битола

Монодрамата  „Избувливиот човек“  во изведба на актерот Ефтим Трајчев Ѓаурски, режија на Перо Даниловски и продукција на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани  ја доби Наградата од публиката на 22. Интернационален фестивал на монодрама што синоќа заврши во Битола.

На фестивалот беа одиграни 10 домашни монодрами и истиот се одржа во периодот од 22-27 јуни.

Претставата „Последната лента на Крап“ во режија и изведба на Ѓорги Јолевски, копродукција на Македонски народен театар (МНТ) и „Перипетија продукција“ ја освои Гран-при наградата за најдобра режија.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Билјана Драгичевиќ-Пројковска за улогата во монодрамата „Кармен“, во режија и драматизација на Дејан Пројковски, продукција Драмски театар.

22. Интернационален фестивал на монодрама се одржа со поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Битола.

И. Матеничарски

Сподели: