Моторелито „Македонија независност“ денеска во Кочани

Кочани денеска беше домаќин на 30-тото Меѓународно моторели „Македонија независност“ што во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија се одржува традиционално.

Околу  400 моторциклисти од Македонија и странство  продефилираа низ кочанските улици, при што направија попатна пауза во Кочани. Мото-релито годинава е со меѓународен карактер каде учествуваат и моторциклисти од Шведска, Данска и Словенија.

– Повод за овој настан е 30 години независност на Република Северна Македонија и ова е еден од настанитешто  традиционално се оддржуваат во Македонија по повод  независноста на  нашата држава. Настанот во Кочани е во организација и со помош на Мото-клубот „Желки“, Општина Кочани и Мото-федерацијата на Македонија.Настанот е со меѓународен карактер  и има моторциклисти од целиот регион. Денеска повеќе од 400 мотори ја обиколуваат цела Македонија, истакна  Зоран Трајковски, претседател на Мотоциклистичка федерација на Македонија.

Организацијата на настанот во Кочани и припадна на членовите на кочанскиот мото-клуб „Желки“.

-Најпрвин благодарност до Мото федерацијата на Република Северна Македонија, што не стави на агендата да не посети на ова традиционално моторели, 30-то по ред. Ние сме втора година организатори на овој настан. Нашиот клуб моментално брои 18 членови, зачленет е во сите здруженија каде што е потребно. Јас конкретно настапувам во брзински мотрциклизам во класата до 600 кубни сатиметри, лани имавме вице-шампионска титула овде за Кочани, оваа година имавме две трки во Серес, сега продожуваме во септември во Бугарија, имаме поддршка од клубот и од нашите покровители пред се од претседателот Зоран Трајковски, истакна Димитар Димитров, член на мото-клубот „Желки“ од Кочани.

Мото-релито започна од Скопје и поминува низ Штип, Кочани, Берово, Пехчево, Струмица со попатни паузи, преспивање и клубско дружење во Дојран. За утре, планирано е  да се вози во Кавадарци, Неготино, Крушево, како и во западниот дел на државата.

И. Матеничарски

Сподели: