Моторциклист излетал од патот на влезот во Зрновци

На 31.07.2020 околу 04.30 часот пред влез во с.Зрновци, кочанско, мотоцикл  управуван од В.А.(18) од с.Зрновци, излетал од патот.

По незгодата В.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со телесни  повреди се здобил и сопатникот С.П.(26) од с.Соколарци.

За настанот е известен Jавен обвинител, a увид ќе се врши во текот на денот.

Извор: Дневен билтен на МВР

Сподели: