Маж во Кочани тешко повреден откако со мотоциклот со кој управувал изгубил контрола и паднал на коловозот.
„На 12.05.2020 во 19.55 часот на ул.,,Др.Николиќ“ во Кочани, Д.К.(34) од Кочани, управувајќи мотоцикл „бургман“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ велат од МВР.
По незгодата Д.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кочани.