Моторџии Дедо Мразовци дефилираа и делеа новогодишни паќетчиња на најмладите во Кочани

Под мотото „Дедо Мраз на мотор“, кочанските мото-клубови „Желки“ и „Strong Riders“  во Градскиот парк во Кочани организираа заедничка дружба со најмладите.

Задничкото новогодишно дефиле низ кочанските улици на кое учествуваа над 40 моторџии од Кочани кулминираше во Градскиот парк на настан каде моторџиите обелчени во Дедо Мразовци поделија пакетчња на најмалите сограѓани.

– Годинава за првпат во нашиот град мото-клубот „Желки“ и новоформираниот клуб „Strong Riders“ организиравме дедомразовско дефиле низ кочанските улици за потоа во Паркот на револуцијата доделивме новогодишни паќетчиња на најмалите сограѓани. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиција и во иднина ја очекуваме поддршката и од Локалната самоуправа на Кочани, истакна Момчило Хаџи Паунов, претседател на кочанскиот Мото-клуб „Желки“.

Мото-дефилето се реализираше во рамки на програмата по повод Новогодишните и Божиќни празници што предновогодишно се случува во Градскиот парк.

И. Матеничарски

Сподели: