Во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, кочанското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ за прв пат реализираше концертот на родители и ученици.
Во дулет, на клавир, гитара, флејта и виолина, родителите во пар со своите деца музицираа пред публиката со нумери и изведби на класична и забавна музика.
– За прв пат, ООМУ „Ристо Јуруков“ организира концерт родители и деца, родителите со своите деца настапуваат на сцена. Слушнавме единаесет изведби, со класични нумери, забавна и соло пеење. Се надевам дека концертот ќе прерасне во традиција и ќе се зголемува на бројот на оние кои ќе сакаат да свират. Голем дел од родителите кои настапуваат вечерва за прв пат се на музичката сцена, се потрудија и блеснаа на сцената.
Од ООМУ „Ристо Јурков“ информираа дека музичкиот концерт на родители и деца е последен музички настан за учебната година.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов