Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – прогласени најдобрите ученици во генерацијата

Кочанското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ вечерва во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани на свечена академија го одбележа својот патронен празник.

Пред многубројната публика се претставија учениците од класите на професорите во училиштето, на инструментите кои ги исучуваат во нивното музичко образование.

Приликата беше искористена и да бидат прогласени најдобрите ученици во генерацијата, при што директорката Марија Лазарова во име на училиштето им додели дипломи и пригодни награди.

– Учебната година, согласно одлуката на наставничкиот Совет, за ученик на генерацијата во деветгодишното образование е прогласена ученичката Јана Филипова во класата на професорката Елизабета Горгиева. За ученик на генерацијата во шестгодишното образование се прогласува ученичката Александра Ѓоргиева во класата на професорката Јованка Милојевиќ. Пофалница за постигнати значајни резултати во текот на основното музичко образование се доделуваат на Миа Михаилов и Јован Божинов, рече на свеченоста, директорката Лазарова.

Вчера, во Мултикултурниот центар во Кочани, а по повод патрониот празник се одржа заеднички концерт на родители и децата кои го посетуваат училиштето.

И. Матеничарски

Сподели: