Музичко-поетски настан од проектот „Подобро општество за слепите лица во Кочани“

Во рамките на програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани, синоќа во салата на Мултикултурниот центар се одржа музичко-поетскиот настан од проектот „Подобро општество за слепите лица во Кочани.“

Во организација на Здружението „Еднакви за сите“, беа претставени реализираните активности и постигнатите резултати од проектот што беше реализиран преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирана од Европската Унија, а спроведена од УНДП, со кофинансирање од Општина Кочани.

На настанот, слепи и слабовидни лица од Кочани имаа поетски и  музички настапи.

Сподели: