Учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани земаа учествуваа на Меѓународнот музички натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип, на кој благодарение на својот талент и знаење освоија неколку високи награди.
Миа Михаилова ја освои првата награда (96 бода), додека Викторија Петрова е второпласирана (89 бода) и двете ученички по пијано во класа на наст. Елизабета Ѓеорѓиева.
Макарија Иванова со 100 освоени поени ја освои првата награда, а првонаграден со освоени 99 бодови е и Никола Илиев и двајцата ученици по пијано во класа на наст. Марија Лазарова.
Ненад Малинов и Филип Крстов со по 95 бодови ги освоија првите награди и двајцата ученици по гитара во класа на наст. Зоран Христов.
Награди што учениците од кочанското музичко училиште ги освојуваат во континуитет се плод на сериозна работа од целиот наставен кадар во училиштето, но и на сериозниот пристап на учениците во своето музичко образование.