Награди за учениците на ООМУ„Ристо Јуруков“ на меѓународниот фестивал „Art In Experience“

Талентираните ученици од ООМУ„Ристо Јуруков Кочани и во време на пандемија редат успеси на музички план .

Пијанистите Макарија Иванова и Никола Илиев освоија две први места во своите конкуренции, на Меѓународниот фестивал „Art In Experience“, кој поради состојбата со коронавирусот се одржа онлајн. Макарија и Никола се ученици  во класата на наставниците Марија Лазарова и Маријан Стоименов.

Ова не се единствени награди за талентираните ученици, а од пред некој месец, Макарија Иванова беше учесник и освои прва награда и на  на VII интернационален пијано натпревар Смедерево, Србија.

Сподели: